Денеска официјално стартува Европското кошаркарско првенство за кошаркари „Под 16“ години каде во улога на организатор уште еднаш е нашата федерација.
Вкупно 16 селекции во девет натпреварувачки дена (12-20 август), ќе се обидат да дојдат до што подобри позиции на шампионатот, најдобрите три да обезбедат медали, а оние другите да ги избегнат последните места кои водат кон „Б“ сегментот од оваа младинска машка конкуренција.
Македонија е дел од групата „Д“ во која се уште и националните тимови на Шпанија, Грција и Црна Гора. Натпреварите на ова првенство нашиот машки кадетски состав ќе ги игра во салата на СРЦ „Кале“. Денеска од 18.45 во премиерата се среќаваме со селекцијата на Црна Гора.