Денвер предводен од Никола Јокиќ и Џамал Мареј дојде до победа од 104-93 во првиот натпревар од финалната серија на НБА против Мајами Хит. Домашната екипа во ниту еден момент не дозволи Мајами да се надева на добар резултат на оваа средба.
Одличниот настап на Никола Јокиќ, кој со 27 поени, 10 скока и 14 асистенции уште еднаш се приклучи на друштво на НБА легендите, овој пат со Мајкл Џордан, Леброн Џејмс, Расел Вестбрук. Јокиќ стана првиот по Џејсон Кид кој запиша „трипл-дабл“ во своето деби во финале.
Јокиќ беше и најдобар стрелец на натпреварот, а покрај него и Мареј, кај Денвер двоцифрени беа Гордон 16, Портер 14 и Браун 10 поени. Кај гостинската екипа Батлер постигна само 13 поени (7 скока, 7 асистенции), додека најефикасен беше Адебајо со 26 поени, а зад него беа Винсент со 19 и Хајсмит со 18 поени.

