Koшаркарите на Денвер Нагетс во големото финале на НБА лигата го добија вториот натпревар по ред против Мајами Хит на гостински терен и со победата од 95:108 имаат предност од 3:1 и се на чеокр до првата титула во историјата на клубот.
Повторно историска ноќ имаше српскиот кошаркар Никола Јокиќ, кој продолжува да ги поместува границите во НБА лигата и постави нов рекорд. Но, овој пат центарот доби голема поддршка од Гордон, па на Мајами не му остана ништо освен да се ппомиран со пораз.
Во еден момент Никола Јокиќ имаше мала незгода кога го повреди зглобот при еден дуел со Робинсон, но откако напави мала пауза го продолжи натпреварот.
Јокиќ, натпреварот го заврши со 23 поени, 12 скока, четири асистенции, три блокади и две украдени топки за 37 минути на паркетот. Со тоа српскиот кошаркар стана првиот во историјата на НБА лигата со учинок од 500+ поени, 250+ скокови и 150+ асистенции во плеј-оф.
Покрај Јокиќ, одличен беше Арон Гордон со 27 поени и по шест скока и асистенции. Кај Мајами, Батлер постигна 25 поени со по седум скока и асистенции, а Бем Адебајо стигна до 20 поени.
Петтиот натпревар, во кој Денвер Нагетс може да стигне до шампионскиот прстен, се игра ноќта помеѓу понеделник и вторник во 02:30 часот.