Утре од 16.00 часот во Кавадарци ќе се сретнат Тиквеш и Голден Арт КЛ7 или непоразените екипи во плеј-аутот. Тренерот на Голден Арт КЛ7, Игор Котевски, фаворитската улога му ја препушта на противникот.
„Ни претстои дуел на две екипи со одлични поединци, натпревар во кој фаворитската улога ја има домаќинот пред се поради поголемиот фонд на играчи и засилувањата од странство. Од друга страна, нашата екипа е млада, единствената во лигата составена од исклучиво македонски играчи, желни за докажување и со сигурност можеме да кажеме дека се иднината на македонскиот ракомет. Очекувам добар натпревар и нека победи подобриот тим“ – вели Котевски. Во тој правец размислува и ракометарот на Голден Арт КЛ7, Евгениј Темелкоски.

„Пред нас е исклучително тежок натпревар со Тиквеш во Кавадарци. Секако тоа е најтешкиот противник за нас во оваа фаза на првенството“ – вели Темелковски.

