Кошаркарот на Сакраменто, Демар Дерозан, проговори за неговиот соиграч Расел Вестбрук со кој ја дели соблекувалната.
„Ако сака да се бори со десет слонови, ќе се борам со него. Тој ми е другар“ – рече Дерозан. Ќе потсетиме дека Вестбрук им се придружи на „Кингс“ непосредно пред почетокот на сезоната и тоа со минимален договор.
37-годишниот бек во регуларниот дел имаше просек од речиси 16 кошеви, седум асистенции и две украдени топки.

