Ракометарите на Вардар засилено се подготвуваат за вториот меч од тековната сезона во Лигата на шампионите кој в сабота ќе го одиграме дома против екипата на Кристијанштад. На прес-конферецијата пред мечот, тренерот на Вардар Роберто Парондо, истакна дека овој е важен меч за Вардар, особено затоа што е прв на домашен терен во ЛШ.
„Ова е важен натпревар за нас. Прв на домашен терен. Играме против добар противник, Кристијанштад. Мора да играме добро, да бидеме фокусирани во натпреварот 60 минути и да одржиме висок интензитет. Не смееме да се опуштиме за да го добиеме овој меч“.
Капитенот на „вардарци“ в сабота, Тимур Дибиров истакна дека серијата 6-0 против Швеѓаните не мора да значи ништо на дуелот в сабота.
„Монпелје го оставаме зад себе и се фокусираме на она што ни претстои – Кристијанштад. Лани имавме проблеми со нив. Тоа е тим кој игра различен ракомет од другите силни тимови. Играат брз, интензивен ракомет, со многу контри и трчање. Паметам дека и Рајн Некар и Пик Сегед губеа од нив. Мора да играме со многу почит за противникот“, истакна Дибиров.
Дуелот в сабота во СЦ „Јане Сандански“ стартува од 17.30 часот.