Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Дибиров: „Нема да биде лесно против Загреб, но дома секогаш одиме на победа“
    Ракомет

    Дибиров: „Нема да биде лесно против Загреб, но дома секогаш одиме на победа“

    risteBy riste21/02/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Вардар в среда ќе го пречека ППД Загреб во клучниот натпревар оваа сезона во Лигата на шампионите. Со победа вардарци би се вратиле на едно од местата кои водат во нокаут фазата, па така овој дуел има огромно значење.

    На прес-конференцијата пред дуелот зборуваше еден од најискусните во редовите на Вардар, Тимур Дибиров.

    „Мислам дека ние сме многу среќни да играме дома во овој дел од сезоната. Очекуваме поддршка во сала на овој многу важен натпревар. Во добра серија сме, играме подобро од претходно. Имаме тежок распоред со многу патувања. Сепак, очекувам концентрација, да се држиме до планот и добро се подготвивме. Сметам дека ќе биде сè добро.

    Загреб е екипа која има голем респект од нас. Тие ги победија ПИК Сегед, се знаеме со Загреб и знаеме колку ни се важни двата бода. Не зависи ништо од претходните натпревари, ќе има доста нервоза и борба, ама ако сакаме да одиме понатаму мора да победиш директен конкурент. Слично сметаат и во Загреб со сигурност за нас. И тие се во добра форма, ама се надевам дека ќе дојдеме до поволен резултат. Очекувањата дома се само на победа. Знаеме дека ќе биде тешко, но за нас важно е да победиме. Ќе дадеме се од себе за тоа.

    Не е доволна само работата на тренерот како на Раул во ПСЖ, ним им недостасува нешто друго. Вујовиќ беше човек кој направи многу за спортот, работата е многу тешка. Ние добро тргнавме со него, а потоа бевме во криза. Тоа не е вина само на Вујовиќ, туку на сите. Сега ги средивме проблемите и ситуацијата е подобра. Се е во наши раце, ако не е добро како што сме планирале, вината е на сите, а не на поединци. Ние можеме без секој, Вардар е голем клуб и мора да функционира без било кој. Во ова време може да ни отежнат болести и повреди, но сметам дека можеме да се кренеме и на ниво повеќе“, изјави Дибиров.

    „Црвено-црните“ се надеваат дека со помош на својата публика ќе го совладаат еден од главните ривали за место во следната фаза.

    Пресметката на Вардар и ППД Загреб е на програмата в среда со почеток од 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Вардар не го дава врвот, славеше убедливо против Еурофарм Пелистер

    26/03/2023

    Кизиќ: Оваа победа ќе биде стимул за следни предизвици

    15/03/2023

    Јовиќ пред Нексе: Од играчите ќе барам лавoвска борбеност

    13/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Ливерпул фаворит за потписот на Маунт
    • Во Манчестер Сити неизвесност: Дали Халанд ќе може против Ливерпул?
    • Адеми се вклучи во подготовките на новиот тим
    • Дијаз ќе добие понуда од Англија
    • Горецка: со нетрпение ги чекаме дуелите со Сити
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.