Тимур Дибиров, Стојанче Стоилов и Кристијан Дисингер, ќе продолжат да го носат „црвено-црниот“ дрес откако се согласиле да бидат дел од новиот проект на актуелниот ракометен шампион на Европа.
Капитенот Стоилов и крилото Дибиров се миленици на навивачите на Вардар а новиот претседател, Михајловски успеал да ги убеди да останат. Што се однесува до Дисингер, тој пред извесен период истакна дека сака да остане во Скопје.
Досега Вардарци ги напуштија: Сергеј Горбок, Жозе Толедо, Данил Шишкарев, Сташ Скубе и Даинис Криштопанс.