Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ и официјално е промовиран од страна на новиот клуб. Евролигашот Олимпија Милано го претстави плејмејкерот како засилување за следните две сезони со договор до крајот на сезоната 2025/26.
По две сезони поминати во екипата на Уникс , каде Димитриевиќ се наметна како лидер во тимот, а донесе и титула во ВТБ-лигата, сега поппуларниот Нено тргнува во нов предизвик.
26-годишниот плејмејкер имаше забележителен насташ изминатата сезона од ВТБ-лигата, Македонецот одигра 50 натпревари во кои имаше статистика од 18,6 поени, 6,9 асистенции, 3,6 скока и 1,2 украдени топки по натпревар, за 30 минути во просек на паркетот.
Беше пррогласен за МВП на регуларниот дел од сезоната, девет пати беше во идеалната петорка, а исто и во четвртфиналната и полуфиналната серија.
Следниот предизвик на Ненад Димитријевиќ е Олимпија Милано и за првпат во кариерата ќе биде дел од Евролигата. Во минатото во кариерата играше за шпанските екипи Валенсија и Хувентуд.