Ненад Димитријевиќ повторно е дел од националниот тим. Тој не ги одигра првите три натпревари од овие квалификации за пласман на Светскиот Куп 2023 година, но сега е подготвен да му помогне на тимот да дојдеме до првиот успех.
„Претходните два-три дена правев третмани, се чувствувам многу подобро и подготвен сум да ѝ помогнам на репрезентацијата на натпреварот со Грузија“.
Нашиот организатор на играта очекува малку поразличне натпревар од оној пред неколку дена во Тбилиси:
„Мислам дека ќе биде различен меч од оној во Тбилиси. Играме дома, еве и јас можам да помогнам и се надевам на тотално поинаков развој на настаните. Сите веруваме во подобар исход, а атмосферата во тимот е најважна во вакви ситуации“.