Литванскиот кошаркар,Томаш Димша, кој во изминатиот август имаше операција на рамото, ќе си замине од Жалгирис и сезоната ќе ја заврши во Шпанија.
Играчот кој има 31-на година и е висок 195 см, ќе настапува како позајмен во Сарагоса до крајот на сезоната 2024/25.
Тој во претходниот шампионат во Евро-лигата имаше просек од 6,4 поени, 1,7 асистенции и 1,5 скокови по натпревар.

