Ракометарот, Никола Карабатиќ и официјално е повикан во селекцијата на Франција на Мундијалот во Германија и Данска и тоа како замена за повредениот пивот Седрик Сораидо.
Кружниот напаѓач заработи потешка повреда на мускулот на вчерашното дерби со Германија а селекторот на „триколорите“, Дидие Динар, реагираше експресно и го повика како замена Никола Карабитиќ. Еден од најдобрите светски ракометари подолго време се рехабилитира по претрпената операција и дефинитивно не е во посакуваната форма, но, неговото макар и минимално присуство на теренот ќе биде многу значајно за неговите соиграчи.
„Галските петли“ на едно коло пред крајот на групната фаза и мечот со Русија, имаат обезбедено место во наредната рунда.