Денеска на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ ќе заврши 48. издание на Струшкиот ракометен турнир а нашите најдобри судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го водат големото финале меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер кое ќе започне во 21.15.
Браќата Михајло и Методија Илиевски ќе судат на мечот за петтото место меѓу Бутел Скопје и Прилеп од 17:15 часот додека во 19:15 часот ќе започне битката меѓу Металург и Охрид а ќе ја водат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.
Вардар со 12 освоени пехари е најуспешниот состав досега пред Еурофарм Пелистер со 11 и Борац Бања Лука со четири.