Maкедонската ракометна репрезентација во недела треба да го направи последниот чекор и да обезбеди нов пласман на една Светско првенство. Избраниците на Кирил Лазаров в недела ќе ја водат последната битка од баражот за Светското првенство, а Чешка ќе ја пречекаме со остварено реми од првиот натпревар во Злин.
Доколку славиме во Скопје и обезбедиме настап на Светското првенство, многу веројатно на ждрепката за собирот во Шведска и Полска ќе се најдеме во вториот шешир. Тоа би значело дека нема да се натпреваруваме во групите Б и Г, каде домаќини се градовите Катовице и Јончепинг.
Шешири за ждрепката:
Прв шешир: Данска, Шведска, Норвешка, Франција, Шпанија, Исланд/Австрија, Германија/Фарски Острови, Африка 1
Втор шешир: Хрватска/Финска, Катар, Белгија, Португалија/Холандија, Бразил, Црна Гора/Грција, Полска, Македонија/Чешка
Трет шешир: Србија/Словенија, Унгарија/Израел, Аргентина, Бахреин, Саудиска Арабија, Африка 2, Чиле, Африка 3
Четврти шешир: Уругвај, Африка 4, Африка 5, Иран, Јужна Кореја, Северна Америка и Кариби 1, вајлд карта 1, вајлд карта 2
Градови домаќини и селекции од првиот шешир:
група А (Краков) – Шпанија
група Б (Катовице) – Полска, Франција/Африка 1*
група Ц (Гетеборг) – Шведска
група Д (Јончепинг) – Исланд*
група Е (Катовице) – Германија*
група Ф (Краков) – Норвешка
група Г (Кристијанштад) – Хрватска*, Франција/Африка 1*
група Х (Малме) – Данска
Пласман во следната фаза ќе обебзедат најдобрите три селекции од секоја група. Мундијалот во Полска и Шведска се игра од 11 до 29 јануари следната година.