Словенецот Лука Дончич од Далас и Австралиецот Бен Симонс од Филаделфија, се двете најатрактивни имиња во кошаркарскиот тим на Светот кој ќе се соочи со селекцијата на САД во „натпреварот на ѕвездите во подем” за време на спектаклот во Шарлот во средината на февруари .
Во дуелот кој традиционално се игра на два дена пред “натпреварот на ѕвездите” во НБА, учество ќе земат најдобрите кошаркари кои ја реализираат првата или втора година во лигата. Освен Дончич и Симонс, во светскиот тим фигурираат и центарот, Деандре Ејтон, кој во текот на летото беше избран од Феникс како прв пик на драфтот, потоа турската ѕвезда на Кливленд Чеди Осман, финскиот центар на Чикаго, Лари Марканен, српскиот бек Богдан Богдановиќ од Сакраменто и британското крило на Торонто, Ен Аноби.
Во американскиот состав се најдоа играчите на Лос Анџелес Лејкерс, Кајл Кузман и Лонзо Бол, крилото на Бостон Џејсон Taтум, играчите на Јута и на Атланта – Донован Мичел и Тре Јанг, центарот на Бруклин Џарет Ален и плејмејкерот на Сакраменто, Де’Арон Фокс. Мечот ќе биде одигран на 15-ти февруари.