Кошаркарот на Далас Маверикс, Лука Дончич, не сака да полемизира кој треба да ја добие наградата за најдобар дебитант во НБА лигата. Според медиумите, во најтесна конкуренција се токму играчот на Маверикс и плејмејкерот на Атланта Хоукс, Тре Јанг.
„Да се биде најдобар дебитант е значајно, но, постојат и други работи кои треба да се направат. Сезоната во НБА е навистина долга и ќе има уште многу коментари на темата, но, јас не сум заинтересиран“ – вели Дончич.
Интернационалецот од Словенија во дебитантската сезона има во просек по 21 кош на натпревар, 7,6 скокови и 5,8 асистенции.