Кошаркарот од Словенија, Лука Дончич, се проби на втората позиција во НБА лигата кога станува збор за најмлад играч кој постигнал трипл-дабал ефект на еден натпревар.
Тој на вчерашниот меч во дресот на Далас Маверикс против Милвоки постигна 18 кошеви имаше 11 скокови и 10 асистенции. Тој на вечната листа го помина легендарниот, Леброн Џејмс како и младата ѕвезда на ЛА лејкерс, Лонзо Бол. Пред него е само Маркел Фулц.
Дончиќ споменатиот ефект го оствари со 19 години и 327 денови додека Фулц кој го држи рекордот, тоа го направи кога имаше 19 години и 317 дена.