Еден од најдобрите кошаркари во тековнава сезона во НБА лигата, Лука Дончиќ, најверојатно ќе ја продолжи соработката со екипата на Далас за наредните пет години и ќе заработи повеќе од 200 милиони долари.
Бекот-шутер ја заврши сезоната со просек од 27,7 поени, 8 скокови и 8,6 асистенции по натпревар.
Неговиот тим беше елиминиран во плеј-офот од составот на ЛА Клиперс.

