Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс успеаја да слават на мечот со Хјустон со 104:98 но, ѕвездата на тимот, Лука Дончиќ, вели дека тоа бил еден од најлошите мечеви на „езерџиите“.
„Победивме поради одбраната, се боревме. Интензитетот беше на ниво на плеј-оф. Мислам дека тоа беше најлошиот натпревар“ – рече Дончиќ.
Интернационалецот од Словенија мечот го заврши со 20 поени, 6 скока и 9 асистенции.

