Кошаркарскиот интернационалец од Словенија, Лука Дончиќ, кој се соочува со повреда, нема да паузира подолг период, објавија дел од медиумите.
Играчот на Далас кој пред две недели го повреди зглобот и требаше да паузира до јануари, најверојатно ќе го носи дресот на неговиот тим на мечот со Сан Антонио Спарси. Тоа го најави и неговиот тренер, Рик Карлисл.
„Тој е подобар, не знам што ќе биде в четврток, но, сигурно ќе има шанса да заигра. Добро му оди, ќе видиме како ќе се чувствува иако работите одат кон подобро“ – вели Рик Карлисл. Дончиќ досега има во просек на натпревар по 29,3 кошеви, 9,6 скокови и 8,9 асистенции.

