Кошаркарската репрезентација на Македонија ќе добие нов селектор, а за тоа информнираше Кошаркарската Федерација на Македонија (КФСМ) која ја извести јавноста дека со Драган Бајиќ спогодбено ја прекинуваат соработката околу негов понатамошен ангажман во нашата најдобра сениорска репрезентација.
„Од оправдани причини, односно здравствени проблеми со кои се соочува во изминатиот временски период, Драган Бајиќ повеќе не е во можност максимално посветено да одговори на обврските кои со себе ги носи работењето во сениорскиот национален тим. Земајќи ја предвид потребата машката А селекција да има стратег кој секојдневно ќе биде посветен и во тек со сите збиднувања поврзани со репрезентацијата, како и оддалеченоста и професионалните клубски обврски на досегашниот селектор, обете страни пријателски и фер се сложија околу прекинувањето на соработката“, велат од редовите на КФСМ.