Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»Драган Гаги Николиќ се враќа во Македонија и ќе биде нов тренер на МЗТ Скопје
    Кошарка

    Драган Гаги Николиќ се враќа во Македонија и ќе биде нов тренер на МЗТ Скопје

    risteBy riste27/12/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Српскиот тренер Драган Николиќ (50 години) од денеска е нов тренер на МЗТ Скопје, откако потпиша договор до крајот сезоната со можност за продолжување на уште една.

    Николиќ е добро познато име за македонската спортска јавност, со оглед што во сезоната 2016/17 повеќе од успешно го предводеше тимот на Карпош Соколи во АБА-лигата, каде што по стартот со осум порази по ред на крајот дојде до десет триумфи за пласман кон средината на табелата. „Соколите“ со Николиќ на клупата таа сезона дојде до историски триумф во Купот на Македонија и беше ривал на МЗТ Скопје во битката за шампионската титула.

    Драган Николиќ има и македонски пасош со оглед на потеклото на неговото семејство од нашата земја, а згора на тоа негова сопруга е една од најдобрите македонски кошаркарки на сите времиња, Марија Видикова.

    Николиќ се очекува денеска да пристигне во Скопје, а дебито на клупата ќе го има в петок на гостувањето кај Цибона во меч од 13. коло од АБА-лигата. Клубот од „Јане Сандански“ во моментов е последен на табелата во регионалното натпреварување со 2 победи и 10 порази.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Моцарт е нов генерален спонзор на ТФТ

    03/02/2023

    Далас победи, но Дончиќ се повреди

    03/02/2023

    Дончиќ брзо jа надмина повредата и одигра нов фантастичен меч

    31/01/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Кевин Трап останува во Ајнтрахт Франкфурт до 2026 година
    • Месут Озил на 34 години ја завршува кариерата
    • Моцарт е нов генерален спонзор на ТФТ
    • Валтер: Повредите се причина за слабиот старт во СЕХА
    • Форд ќе прави мотори за Ред Бул од 2026 година
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.