Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Дрејмонд Грин, одговори на прашање за иднината на клубот по заминувањето на неговите сегашни лидери, кои на екипата ѝ донесоа четири шампионски титули.
„Го видовте писмото од Џо Лакоб ? Едно е сигурно: во еден момент ние ќе се пензионираме, но Џо нема.“
„Овој човек секогаш ќе се стреми кон победи бидејќи не толерира пораз“, рече Грин.
Сопственикот на Голден Стејт Вориорс, Џо Лакоб, неодамна одговори на емотивното писмо од разочаран навивач, пишувајќи дека се обидува да ги поправи работите.

