Кевин Дурант и ДеМаркос Казанс нема да играат во првиот натпревар од финалната серија во НБА лигата, која започнува на 31 мај, соопштија од Голден Стејт.
Двајцата се уште не се опоравиле целосно од повредите, но во екипата очекуваат тие да бидат подготвени во некој од следните натпревари од серијата.
Ситуацијата со Дурант, кој има повреда на десната нога, е посериозна. Водечкиот стрелец на тимот од Оукленд напредува со рехабилитацијата, но сеуште не добил дозвола од медицинскиот тим да се врати на теренот. „Во овој момент не може да кажеме како Дурант би играл на првиот натпревар од серијата, но веруваме дека тој ќе може да се вклучаи во некои од следните натпревари”, соопштија од Голден Стејт. Што се однесува до Казанс, кој има повреда на мускулот, ситуацијата со него е пооптимистичка. Во четвртокот, центарот го направи својот прв тренингот со тимот по повредата на почетокот на плејофот. Во моментов сепак Казанс исто така не е подготвен за игра и ќе може да му помогне на тимот дури во натпреварите во јуни.
Во финалето од НБА лигата Голден Стејт ќе игра со победникот од финалето во Источната конференција меѓу Милвоки и Торонто. Во моментов екипата на Торонто има предност од 3-2 во серијата.