Црногорскиот кошаркарски стретег Душко Ивановиќ , кој во 2017 година ја напушти својата позиција како главен тренер на Химки, сега повторно најде нов ангажман.
Според информации на „Eurohoops“, 60-годишниот тренер ќе работи со турскиот клуб Бешикташ, кој претходно го отпушти досегашниот тренер Уфук Сарика. Ивановиќ ќе добие договор на една сезона со опција за продолжување на уште една.