Две ракометарки на Камерун, според пишувањата на шведските медиуми, по подготовките во Франција пред почетокот на СП во Скандинавија, ја напуштиле репрезентацијата и пребегале на засега непозната локација. Селекцијата на Камерун играла со 16 ракометарки, но во историски обезбедената главна рунда, Камерун во составот има 14 играчи.
Недостасуваат Манга Амбаса и Мариане Батамаг. Овие две ракометарки избегале од репрезентацијата. Нивната федерација потврдила дека самоволно го напуштиле тимот, не се киднапирани или исчезнати, па полицијата по нив трага како по мигранти.
Ова не е прв пат и на претходното СП во Шпанија, четири ракометарки на Камерун ја искористија шансата и пребегаа во Европа.