Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»NBA»Двејн Вејд официјално потпиша со Мајами за уште една година
    NBA

    Двејн Вејд официјално потпиша со Мајами за уште една година

    risteBy riste19/09/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Кошаркарот на Мајами Хит, Двејн Вејд, официјално потпиша нов договор со клубот, објавија од Мајами Хит на нивната официјална страница.

    Договорот за трикратниот шампион на НБА лигата е за период од една сезона. Пред неколку дена, самиот играч објави дека ќе ја заврши својата кошаркарска кариера по завршувањето на сезоната 2018/19.

    Двејн Вејд, кој во 2006 година ја освои наградата за „Најкорисен играч” (МВП) во финалната серија, е лидер во историјата на Мајами по постигнати поени (20 473), постигнати кошеви од игра (7 426), реализирани слободни фрлања (5 226), натпревари со двоцифрен број на поени (829), асистенции (5 009), украдени топки (1 433), одиграни натпревари (867) натпревари како стартер (845) и одиграни минути (31 027).

    Просечниот учинок на Вејд во дресот на Мајами е 23,4 поени, 5,7 асистенции и 4,8 скока по натпревар. Во неговата кариера има и кратки настапи во екипите на Чикаго Булс и Кливленд Кавалирс.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Окхлахома го запре Денвер, Бруклин подобар од Голден Стејт

    23/01/2023

    И Кошаркарската федерација објави предлог листа за ваучери за 2023

    20/01/2023

    Јончевски заврши со Трепча

    16/01/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Сабаленка го освои Мелбурн
    • Ивановски ќе игра ново финале
    • Пеп: ме изненади тактиката на Артета
    • Елмас сакал да го напушти Наполи
    • Ристовски проговори за ситуацијата во клубот
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.