Една од најголемите ѕвезди во НБА лигата од почетокот на векот – Двејн Вејд ќе остане во Лигата уште една сезона.
Ветеранот размислуваше сериозно дали да ја прекине кариерата, но на крајот одлучи да го облече дресот на Мајами Хит за уште една сезона. До крајот на неделава се очекува тој да потпише договор кој ќе му донесе скромните 2,4 милиони долари.
„Отсекогаш сум ги правел работите на свој начин, без разлика дали се добри или лоши. Дојдов бидејќи го правам она што сметам дека е најдобро за мене и моето семејство и што го сметам за правилно. Сега мислам дека треба да играм уште една сезона, во која ќе дадам се што ми остана во играта, на која и го посветив животот и сум среќен за тоа”, изјави Вејд во специјално обраќање.
Тој е лидер во историјата на Мајами според постиггнатите поени, асистенции и украдени топки, а се очекува неговата улога да биде иста, кога како кога се врати во Мајами во февруари оваа година. Веројатно ќе влезе седне на клупата и ќе служи како ментор за младите играчи.
„Требаше да си одговорам на многу прашања, но на крајот ајде да се забавуваме во оваа последна сезона. Ајде да го направиме овој млад тим да почне да пишува една нова приказна”, рече Вејд.