Капитените на „Ол стар“ екипите, Леброн Џејмс и Јанис Адетокумбо, ги одбраа стартните петорки за мечот кој ќе се реализира во Чикаго во периодот од 14. до 16. февруари.
Во нив ќе бидат кошаркари кои настапуваат во истата конференција во која играат и капитените. Заедно со Леброн ќе започнат: Ентони Дејвис, Лука Дончиќ, Кавај Ленард и Џејмс Харден додека покрај Адетокумбо ќе се појават: Тре Јанг, Кемба Вокер, Паскал Сјакам и Џоел Ембид.
Тоа значи дека во тимот на Леброн на клупата ќе останат : Демјен Лилард, Бен Симонс, Никола Јокиќ, Џејсон Тејтум, Крис Пол, Расел Весбрук и Домантас Сабонис. Во екипата што ја предводи Адетокумбо, ќе бидат активни и Крис Мидлтон, Бем Адебајо, Руди Гобер, Џими Батлер, Кајл Лаури, Брендом Инграм и Донован Мичел.