Легендата на НБА, Леброн Џејмс, нема желба да оди на прием кај претседателот на САД, Доналд Трамп, дури и ако го освои шампионскиот прстен.
Тој воедно ја коментираше и одлуката на претседателот да го откаже приемот на шампионот во НФЛ лигата, Филаделјфија, бидејќи играчите отворено се спротивставија на неговите политики.
„Тоа е типично за него, не сум изненаден. Сигурен сум дека ниту еден кошаркар не сака да оди во Белата куќа“ – изјави играчот на Кливленд кој е еден од најуспешните во поглед на освоените признанија а има и големо влијание во спортот и воопшто во јавноста во САД.