Една од главните ѕвезди во кошаркарската НБА лига, Леброн Џејмс, откако не успеа со неговиот состав ЛА Лејкерс да влезе во разигрувањето за титулата, одлучи да замине на рехабилитација и да ја санира повредата кој го измачуваше во текот на сезоната.Џејмс кој во 16-та сезона првпат се соочува со посериoзна повреда, очекува да биде максимално подготвен за наредниот шампионат.
„Јас никогаш не сум лажирал повреди, бидејќи сакам да бидам дел од паркетот. Додека сум активен кошаркар, секогаш ќе мислам само на победи и трофеи“, потенцираше така наречениот – „крал“.
Џејмс во првата сезонаво дресот на Лејкерси имаше просек од 27 кошеви, осум скокови и исто толку асиситенции.