Кошаркарската НБА лига ги определи најдобрите петорки за тековната сезона. Првата ја предводи Леброн Џејмс кој освои максимален број на бодови од новинарите и медиумите исто како и ѕвездата на Милвоки, Јанис Адетокумбо.
Играчот на Лејкерси успеа да се пробие на врвот во таа конкуренција бидејќи по 16 пат е избран во идеалниот тим на сезоната. Зад него сега се Карим-Абдул Џабар (15), Коби Брајант (15) и Тим Данкан (15). Покрај Џејмс и Јанис во првиот тим се и Ентони Дејвис, Џејмс Харден и Лука Дончиќ.
Втората најдобра петорка ја сочинуваат: Крис Пол, Демиен Лилард, Паскал Сиакам, Никола Јокиќ и Каваи Ленард.