Леброн Џејмс кој со Лос Анѓелес Лејкерс успеа да дојде до 4-та титула во кошаркарската НБА лига, вели дека бил крајно мотивиран да покаже дека е еден од најдобрите играчи гледано во историјата.
„Сакав да ја вратам титулата таму каде што и е местото и успеав. Чест ми е да бидат дел од оваа историска екипа. Благодарнм сум на сите тренери и соиграчи, како и за организацијата што стигнавме до тука“ – изјави Џејмс кој постигна трипл-дабл и по четврти пат беше прогласен за МВП во финалето.
„Значајно е да им помагам на соиграчите. Мислам дека заслужив да бидам испочитуван“ – нагласи така наречениот „крал“.