Швеѓанецот Џим Готфридсон е прогласен за МВП на Европското првенство кое се одржува во Унгарија и Словачка и завршува денес.
Пред финалето беше објавен и најдобриот тим на шампионатот. Во него покрај шведскиот организатор на играта има место уште и за Милош Вујовиќ, Алеиш Гомез, Јоханес Гола, Лук Стеинс, Микел Хансен, Матиас Гидсел, Виктор Халгримасон и Оскар Бергендал.
Првенството завршува денес со мечот за брзонен медал меѓу Данска и Франција (од 15.30 часот) и големото финале во кое ќе се сретнат Шпанија и Шведска со почеток од 18.00 часот.