Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»NBA»Џинобили продолжува да испишува историја
    NBA

    Џинобили продолжува да испишува историја

    risteBy riste23/04/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    И со своите 40 години, Ману Џинибили продолжува да прави историја во НБА. Синоќа ветеранот постигна 16 поени за да му помогне на Сан Антонио да остане во плеј-офот по успехот со 103:90 и намалување на предноста на Голден Стејт на 3:1.

    Овој триумф сепак се покажа историски, бидејќи Аргентинецот и Тони Паркер станаа соиграчите со најмногу победи во плеј-оф средбите од НБА лигата, ова беше нивна победа број 132.

    „Бевме амбициозни и се преставивме добро и покрај тоа што бевме во тешка ситуација. Имавме потреба за оваа победа и сега треба да се подготвиме за натпреварот број 5″ рече Џинобили, кој постигна 10 од своите поени во последните 6 минути, кога “Спарси“ успеаа да го направат решавачкиот чекор до победата. Нивната задача, сепак, останува тешка, бидејќи губат со 1:3 во пресметките со Голден Стејт.

    Ману, по овој натпревар успеа да влезе во друштво на Џон Стоктон и Карл Мелоун како се единствените 40-годишни играчи со најмалку 15 поени и 5 асистенции во плеј-оф дуел. Тој е во топ 3 според постигнати тројки во плеј-офот, откако го помина Реџи Милер и веќе има 321 постигната тројка.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Моцарт е нов генерален спонзор на ТФТ

    03/02/2023

    Далас победи, но Дончиќ се повреди

    03/02/2023

    Дончиќ брзо jа надмина повредата и одигра нов фантастичен меч

    31/01/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Моцарт е нов генерален спонзор на ТФТ
    • Валтер: Повредите се причина за слабиот старт во СЕХА
    • Форд ќе прави мотори за Ред Бул од 2026 година
    • Червар: Ме сменија зошто сметаат дека сум опасност за некого
    • Мартинели потпишал нов договор со Арсенал
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.