Македонија одигра со уште еден нерешен резултат на Светското првенство. Дуелот со Австрија заврши со многу драма и „бомба“ на крајот на Филип Кузмановски за 29:29.
Иван Џонов повторно ја искористи шансата која му ја даде селекторот Лазаров, а по средбата истакна дека беше тешко да се игра против добро организираната и квалитетна Австрија.
„Тежок натпревар, Австрија е квалитетна селекцијата, како тактички така тркачки. Се надмудрувавме шеесет минути, ова беше перфектен натпревар. Беше тешко да се браниме против нивниот напад седум на шест, играа во текот на цело второ полувреме и речиси без грешка. На крајот беше ролеркостер, можевме да победиме, а можевме и да загубиме. Мислам има за што да жалиме, но сепак треба да бидеме задоволни.
Треба со еден голем оптимизам да ја дочекаме иднината, не само на овој шампионат туку и понатаму. Добро сме склопени, гинеме еден за друг, се бориме до крај, и тоа е што на Македонија ѝ треба“, рече Џонов.
Следен противник на Македонија на Светското првенстви е Катар кој е продводен од Веселин Вујовиќ, добро познат тренер на нашата јавност.

