Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Џонов:  Навивачите се нашиот  осми играч, кога не ни оди тие се тука
    Ракомет

    Џонов:  Навивачите се нашиот  осми играч, кога не ни оди тие се тука

    risteBy riste19/01/2025No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската ракометна репрезентација ја оствари целта и се пласираше во главната фаза на Светското првенство (СП) во Хрватска, Данска и Норвешка.

    Клучна за овој пласман беше победата над Гвинеја од 29:20, по која нашите ракометари беа задоволни од играта, а посебно се истакнаа оние кои играа помалку на првите два натпревари.

    „Победивме натпревар кадешто бевме фаворити. Малку ни беше тешко на отворањето, но знаевме дека ќе биде така по првите два меча кои беа доста тешки. Имавме лош старт, но како одминуваше времето презедовме контрола и победивме како што заслужувавме. Публиката беше феноменална, морам да ја поздравам. Тие се наш осми играч, ни даваат ветер во грб дури и кога не ни оди. Сега треба малку да се одмориме, да направиме анализа, за подготвено да влеземе во вториот круг.“, изјави Иван Џонов по натпреварот.

    Нашиот национален тим во следната фаза пренесува еден бод, а ќе игра против селкциите на Австрија, Катар и Франција. 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.