Кошаркарскиот состав од НБА лигата, Сакраменто Кингс, е заинтересиран за Тајус Џонс, велат последните информации од САД.
Тимот треба да ја зајакне позицијата плејмејкер а еден од кандидатите е 29-годишниот играч кој ја помина сезоната во Феникс. Тој имаше просек од 10,2 поени, 5,3 асистенции и 2,4 скока за 26,8 минути по натпревар.
Џонс во текот на летото ќе биде слободен играч на пазарот а Сакраменто ќе се обиде да го ангажира.

