Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 вечерва од 19 часот ќе го одиграат реванш мечот од квалификациите за влез во групната фаза на ЕХФ Лигат на Европа. На домашен терен во Битола, младите ракометари на битолскиот состав го пречекуваат австриски Алпла Хард од кого загубија н апрвиот дуел со 24:21.
Момците на Александар Јовиќ одиграа одличен натпревар против поискусниот противник и на гостински терен се изборија за пристоен пораз, кој може да се анулира со голема поддршка од навивачите.