Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја остварија целта и високо го поразија грчки АЕК со 30:19 во последното коло од групната фаза во ЕХФ Европската лига. Во пеколната атмосфера во Битола, „зелените“ со втората победа во меѓусебните пресметки со грчкиот ривал, го потврдија второто место во групата.
Осминафинален ривал за Еурофарм Пелистер ќе биде хрватскиот вицепрвак Нексе. Натпреварите ќе се играат 29 март во Хрватска, а реваншот е на 5 април во Битола.
Вечерва на дуелот во салата „Боро Чурлевски“, одличен кај домашните беше Стипе Мандалиниќ кој даде седум гола, а Рајнер Табоада имаше шест. На голот на битолчани фантастичен беше Мартон Секељи со 15 одбрани.