Со убедлив пораз од 34:23 од екипата на Ал Ахли, македонскиот ракометен првак Еурофарм пелистер ги започна настапите на силниот ракометен турнир во Добој (БиХ). Синоќа во дуелот против египетскиот тим, битолчани беа комплетно надиграни во сите 60 минути.
Шанса за поправен нашиот шампион ќе има попладнево кога ќе го одигра и вториот натпревар на турнирот. Противник на битолчани од 15.30 часот ќе им биде екипата на Слога Добој.
РАКОМЕТ, ТВ ТУРНИР НА ШАМПИОНИ, ДОБОЈ
15.30 Слога – Е. Пелистер
17.20 Барселона – Загреб
19.10 Војводина – Целје
21.00 Монпелје – Ал Ахли.