Ракометарите на Е. Пелистер попладнево гостуваат во Нови Сад кај Војводина во првиот меч од новата сезона на СЕХА лигата. Војводина веќе одигра еден меч и успеа да слави, па битолскиот тим сега е пред голем предизвик да обезбеди победа на воведниот сезонски дуел.
„Тешко е да се подготват овие два натпревари, бидејќи немаме брзина во нозете. Практично ова ни се први натпревари годинава. Суси не е најподготвен, Велковски исто така, па двајцата ќе останат во Битола. Ќе патуваме со здравите ракометари и ќе видиме како ќе одиграме. Репрезентативците се вратија и изгледа дека ќе бидат спремни да играат. Го гледав натпреварот меѓу Војводија и Нексе и можам да кажам дека Нексе не играше како што нормално игра. Војводина играше без репрезентативците, но цела зима се заедно и може да се види дека добро се познаваат, воиграни се и играат убаво. Имаат ритам на натпреварите и во тој поглед се еден чекор пред нас. Треба да играме минута по минута и да видиме што ќе направиме“, изјави тренерот на битолчани, Ларс Валтер.
Средбата меѓу Војводина и Е. Пелистер стартува од 18 часот.