Кошаркарот на Минесота, Ентони Едвардс, вели дека не е задоволен од неговата игра на дуелот со Оклахома. Неговиот тим загуби со 114:88 а бекот го заврши мечот со 18 поени и 9 скока. Неговиот настап веројатно беше под влијание и на повредата на глуждот што ја заработи кон крајот на првата четвртина.
„Дефинитивно треба да шутирам повеќе, исто така треба да дејствуваме почесто без топка. Тие постојано се удвојуваат и ги блокираат линиите“ – рече Едвардс.
„Треба да ги погледнеме снимките и точно да разбереме како да продолжиме. Мораме да најдеме решение за нивната игра“ – рече кошаркарот на Минесота.

