ЕХФ ги потврди учесниците во Европската лига, оние кои ќр играат во квалификациите за пласман во Европската лига и оние кои директно ќе играат во групи.
Директно место ќе има Алкалоид, кој го освои второто место во Супер-лигата. Вардар 1961 па пауза од една година се враќа на европската сцена и ќе игра квалифиакции за пласман во групната фаза на Европската лига.
Можни противници на Вардар ќе бидат екипите на Рајн Некар Левен (Германија), АБЦ Брага (Португалија), Гранолерс (Шпанија), Винтетур (Швајцарија) и Иштад (Шведска). Ждрепката за квалификаците е закажана за 18 јули во Виена.

