Екипата на Алкалоид се најде во групата „Ф“ заедно со дански Бјерингбро Силкеборг, шпанска ла Риоха и српска Војводина во новата сезона од ЕХФ Европската лига. На денешната ждрепка, Алкалоид ги чекаше противниците од вториот шешир и доби три квалитетни ривали против кои ќе мора да се потриди за да извојува добри резултати.
Вториот македонски претставник во ова натпреварување, Вардар 1961, за влез во групната фаза ќе мора најпрво да го мине германскиот ривал Рајн Некар Левен. Ако тоа се случи, „црвено-црните“ одат во групата „А“ каде ги очекуваат екипите на Нант (Фра), Кристијанстад (Шве) и Бенфика (Пор).