Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»ЕХФ ги одреди сатниците за ЕП, Македонија сите натпревари ги игра во ист термин
    Ракомет

    ЕХФ ги одреди сатниците за ЕП, Македонија сите натпревари ги игра во ист термин

    risteBy riste06/05/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди сите термини за одигрување на натпреварите на претстојното Европско првенство за жени, на кое еден од домаќините е и Македонија. Скопје, односно СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде местото каде ќе настапува Македонија, а сега се познати саатниците за трите натпревари.

    Македонија добие тешка група, па ќе игра со Франција, Холандија и Романија. Турнирот за нашата репрезентација стартува против Франција на петти ноември во 18:00 часот, по два дена во истиот термин игра со Холандија и на деветти со Романија.

    Распоред на натпревари на Македонија на ЕП:

    05.11.2022 – Франција – Македонија (18:00 часот)
    07.11.2022 – Македонија – Холандија (18:00 часот)
    09.11.2022 – Македонија – Романија (18:00 часот)

    Покрај Македонија, домаќини на Европското првенство ќе бидат и Словенија и Црна Гора. Првенството ќе започне со натпреварите во Љубљана и Целје од групите А и Б.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Алушовски ги исполни очекувањата на челниците на клубот

    04/05/2022

    Томислав Јагуриновски ја продолжува кариерата во Пролет

    02/05/2022

    Македонија ги доби најсилните можни противници во својата група од ЕП

    28/04/2022

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    Маркетинг

     

    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • ЕХФ ги одреди сатниците за ЕП, Македонија сите натпревари ги игра во ист термин
    • Фиорентина ќе ја плати сумата за постојан договор на Тореира
    • Панчевски и Стојковска се нови шаховски прваци
    • Арсенал и Артета ја продолжија соработката до 2025 година
    • Погба заврши со Манчестер Ј., напредни преговори со ПСЖ и Јувентус
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2022 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.