Викендов се игра завршниот турнир во Лигата на шампионите во ракомет, кој традиционално како и изминативе години ќе се одржи во „Ланксес Арената“ во Келн. Денес, Европската ракометна федерација (ЕХФ) го одреди најдобриот тим на сезоната.
Со по два претставници се Кил, Барселона и Веспрем, по еден претставник имаат Флензбург, ПСЖ и Елверум, а за најдобар тренер е избран Талант Душебаев од Киелце. Меѓу стативите одново се најде голманот на Кил, Никлас Ландин. Најдобри крила се Ване и Гомез, бекови се Мае, Мем и Ненадиќ, пивотмен Шипржак, дефанзивец Пекелер, а најкорисен млад ракометар е Грендал.
Изборот на најдобрите на ЕХФ во Лигата на шампионите:
Голман: Никлас Ландин (Кил)
Лево крило: Хампус Ване (Флензбург)
Десно крило: Алеиш Гомез (Барселона)
Централен бек: Кентин Мае (Веспрем)
Лев бек: Петар Ненадиќ (Веспрем)
Десен бек: Дика Мем (Барселона)
Кружен напаѓач: Камил Шипржак (ПСЖ)
Најдобар дефанзивец: Хендрик Пекелер (Кил)
Најдобар млад играч: Тобајас Грендал (Елверум)
Најдобар тренер: Талант Душебаев (Киелце)
Утре во првото полуфинале во терминот од 15:15 ќе се сретнат Веспрем и Киелце, додека подоцна од 18:00 се игра европското класико меѓу Кил и Барселона. Завршните натпревари, односно финалето се игра в недела.