ЕХФ го казни Вардар парично со 15.000 евра поради транспарентот – „Талант Петух“, кој беше истакнат на натпреварот против Кјелце одигран во ЛШ во СЦ Јане Сандански.
Пораката со навредлива содржина беше упатена кон тренерот на полската екипа, Талант Душебајев, кој по мечот реагираше нервозно на прес-конференцијата.
Дисциплинската комисија при ЕХФ наведе дека содржината на транспарентот ги крши принципите што ги сочинуваат основните вредности на спортот“ и дека Вардар го „толерирал навредливото и хомофобичното однесување во текот на натпреварот“.