Европската ракометна федерација ја казни Ракометната федерација на Македонија која ќе треба да плати парична казна.
Казната која изнесува 2.000 евра е изречена поради носење на различна боја на чорапите на ракометарите на натпреварот со Словенија.
Ова не е прва казна за РФМ, бидејќи имаше ист ваков случај и на Европското првенство во Хрватска, но тогаш казната беше пониска.
EХФ најави дека во текот на денот ќе има подетални информации околу казната.
Македонската репрезентација денеска ќе го игра вториот натпревар на ЕП во Унгарија и Словачка, а противник ќе ни биде Црна Гора на мечот кој го играме во „Феникс Арена“ во Дебрецин со почеток во 18:00 часот.

