Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»ЕХФ потврди: Еурофарм ќе игра натпревари од ЛШ во Битола
    Ракомет

    ЕХФ потврди: Еурофарм ќе игра натпревари од ЛШ во Битола

    risteBy riste26/08/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Екипата на Еурофарм Работник своите натпевари од ЕХФ Лигата на шампионите ќе ги игра во Битола, во својата сала „Боро Чурлевски“. Откако го напрваија својот историски успех во Суперлигата и како вицешампион на Македонија добија место во елитата на ракометна Европа, сега добија зелено светло, своите натпревари да ги играат во Битола.

    Оваа екипа за првпат во својата историја ќе биде дел од Лигата на шампионите, но ова лето наиде на сериозни проблеми поврзани со условите во салата „Боро Чурлевски“. При првата инспекција од страна на ЕХФ беа забележани низа недостатоци во салата, но истите се надминати и битолчани пак ќе бидат во можност да гледаат врвен ракомет во својот град.

    Реконструкцијата на битолската сала е во завршна фаза. Поставени се нови светла, санитаријата на јужната трибина е целосно реновирана, а наскоро се очекува да биде поставен и вториот семафор, со што сите недостатоци кои беа регистрирани од ЕХФ ќе бидат надминати и исполнети сите задачи. Еурофарм работник против Спортинг ќе се сретне на 15 септември, а претходно во истата сала ќе го пречека тимот на Спартак Москва во рамки од првото коло на СЕХА лигата.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јовиќ пред Кил: Мора да се покажеме во многу поинакво светло

    26/09/2023

    Танески е нов селектор на кадетската ракометна репрезентација

    21/09/2023

    Лазаревски: Ова беше многу тежок, машки натпревар

    18/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Занети се наврати на успесите со Интер
    • Барнс ќе оди на подолга рехабилитација
    • ПФА ќе интервенира
    • УЕФА го одреди домаќинот на Супер Купот во 2024
    • МТЕЛ е нов спонзор на МЗТ Скопје А.
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.